Лани 40 отсто помалку пожари во Велес

Помалку работа лани имала територијалната противпожарна единица во Велес. Бројот на пожари е драстично намален. Статистиката покажала дека појавата на пожари е намалена за дури 40-тина проценти..

Постојаната комуникација со граѓаните придонела за намалување на бројот на пожари, смета Лепидовски.. територијалната противпожарна единица ги советува како да спречат појава на оган во своите домови..

Како најголем проблем во справувањето со пожарите, од територијалната единица ја посочуваат лошата конфигурација на градот.. поради тесните улици, возилата тешко пристигнуваат до опожарените објекти.

З.Ј