Прием кај градоначалникот и подароци за дежурните на нова година

Прием кај градоначалникот и подароци за дежурните на нова година

Подароци во знак на благодарност од името на општина Кавадарци денеска им подари градоначалникот Александар Панов на лекарите од итната медицинска помош во Кавадарци, општата болница, на еден полицаец и пожарникар,  кои за време на новогодишната ноќ,  додека сите славеа тие беа на свотие работни места. За нив денеска беше приреден и традиционален прием во кабинетот на градоначалникот.

Панов од името на кавадарчани им се заблагодари на медицинските лица и на лицата од безбедноста што совесно и одговорно си ги завршија своите работни задачи, иако имавме исклучително мирна новогодишна ноќ

 

Како секогаш така и на новата година без прекин работеше итната медицинска помош. И оваа служба не забележала драматични интервенции. Новогодишната ноќ поминала како и секој викенд.

 

Петмина пациенти за новогодишната ноќ примил дежурниот лекар во општа болница Кавадарци, најголемиот дел од нив лекарска помош побарале поради тоа што претерале со алкохолот.

A.Д