Општина Кавадарци објави повик за финансирање активности на НВО

Општина Кавадарци објави повик за финансирање активности на НВО

Невладините организиации од денеска можат да доставуваат барања до локалната самоуправа за користење на пари од општинската каса за 2015 година согласно јавниот повик што општината го објави денеска а се однесува за финансирање на проекти и програмски активности на здруженија и фондации.

 

Сите заинтересирани Здруженија и Фондации своите предлози треба да ги достават до Општина Кавадарци, Сектор за локален економски развој.  Средствата се однесуваат за планирани активности и проекти за период до крајот на 2015 година. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кавадарци за 2015.

 

Граѓанските здруженија и фондации за да чучествуваат на јавниот повик треба да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации со седиште во Кавадарци, да спроведуваат активности од минимум една година, да се занимаваат со активности и проекти од  јавен интерес, да не добиле средства или пак да не поднеле пријава од  друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.

Заинтересираните за овој јавен повик за да аплицираат потребно е да ја обебзедат следната документација, компјутерски пополнета Пријава за финансиска поддршка на здруженијата и фондациите,  потпишана од застапникот на здружението или фондацијата и заверена со печат на здружението или фондацијата, да обезбедат фотокопија од решението за регистрација на здружението или фондацијата, да ја наведат жиро сметка . Да достават годишен извештај за спроведени активности на здружението или фондацијата за претходната година, финансирана од буџетот на Општина Кавадарци;

Од локалната самоуправа нагласуваат дека пријавите кои не ја исполнуваат комплетноста на задолжителната документација не се разгледуваат понатаму.  Крајниот рок за поднесување на пријавите е до 1 декември до 16.30 часот.

Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации,  како Образецот за предлог – проект се достапни на интернет страната на општина Кавадарци: www.kavadarci.gov.mk.

А.Д