ФОТО: 70 години од загинувањето на 12 партизани кај смеса

ФОТО: 70 години од загинувањето на 12 партизани кај смеса

Во местото Смеса кај Стоби денеска делегации од општнскиот сојуз на борците и нивните подржувачи од Кавадарци, делегација од  општина Градско предводена од градоначалничката Жанета Чаушевска  и претставници на фамилијата на Марко Димов положија свежо цвеќе на споменикот кој сведочи за загинувањето на 12 партизани.

 

Овие 12 жители на Тиквешијата активно биле вклучено во НОБ за ослободување на својата држава и припаѓале на 11 бригада.

 

За овој настан пред присутните во Смеса, говореше секретарот на општинскиот сојуз на борците и нивните подржувачи Кавадарци, Илија Браов.

А.Д