Полициска станица од општа надлежност Кавадарци информира дека во сабота на 5 јули со почеток од 7 часот во местото викано Витачот, поточно во непосредна близина на контролната станица на Шумското стопанство Бор Кавадарци од страна на полицијата ќе се спроведе акција за проверка за исправноста на огненото оружје на граѓаните кои го поседуваат со дозвола.
Ваквата активност е во согласност со Законот за оружје, се наведува во соопштението.
.