Превентивна акција на полицијата за заштита од пожари

Со превентивна акција на терен денеска за заштита од пожари делуваше одделението за превенција при ПС од ОН Кавадарци. На повеќе локации полицијата им делеше флаери и едукативен материјал на возачите, потсетувајќи ги уште еднаш колку е значајно да се внимава при престој во природа или пак навреме да се делува и спречи пожар.

 

Целта е да допреме до свеста на граѓаните преку повеќе методи, а дека има резултати потврдува инспекторот за превенција Благица Кицева.

 

Инаку акцијата за превенција од пожари која денеска кавадаречката полиција ја спроведе на терен, истовремено се реализира низ тероторијата на цела Македонија.Целта на МВР е преку секторот за внатрешни работи да се делува во секое подрачје и врз секој граѓанин.

М.Младенова