70 години од загинувањето на првоборецот Мара Димова

Смртоносниот куршум на денешен ден пред 70 години го згаснува животот на првоборецот Мара Димова родена во Кавадарци 1918 година.Во дворот на поранешниот монопол кој исто го носи нејзиното име и ден денес за животот и делото потсетува спомен бистата на жената првоборец.Во нејзина чест денеска свежо свеќе положија Сојузот на борци Кавадарци, членови на семејството на Димова и претставници на Локаланата Самоуправа.

 

Мара Димова е име кое првоборски потсетува и на организираните штрајкови за поголеми плати кој ги организирале монополските работници,а таа како голем другар секогаш застанувала на чело на истите. Борејќи се секогаш за правата но и слободата на својата земја згаснува и нејзиниот живот, но името и останува засекогаш втемелено во историјата за слободна Македонија.

М.М