Откажана првата вонредна седница на советот на општина Кавадарци

Првата вонредна седница на Советот на општина Кавадарци која требаше да се одржи денеска на ден 02.04.2014 год. со единствена точка на дневниот ред:  „Одлука за распишување на референдум по однос на прашањето за загадувањето во општина Кавадарци“  е откажана.

 Советот на општина Кавадарци ја информира јавноста дека во законски дозволениот рок, 10 април ќе поднесе жалба против Решението на Министерството за животна средина и просторно планирање со кое на компанијата „Фени Индустри“ и се дозволува зголемување на процентуалното учество на горење на гума во рото печката од 15% на 25%.

-Советот ќе изготви Жалба со посредство на општинската администрација и  експерт по еколошко право.

 По поднесувањето на жалбата Советот на општина Кавадарци ќе предложи План, за правни мерки – Граѓанска иницијатива, собирање потписи, како и стратегија за усогласено дејствување на Советот, Општината и Невладините организации, во борбата против загадувањето и зачувување на животната средина.

 Откажувањето на седницата не значи дека Советот се откажува од Борбата против загадувањето. Напротив таа продолжува. Како потврда за тоа се и донесените ставови и заклучоци од Комисијата за екологија која се одржа вчера и денес непосредно пред закажаната седница, стои во официјалното соопштение од претседателот на советот, Горица Пеливанова-Вилхелм.