По трет пат зелено знаме за ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ Кавадарци

По трет пат зелено знаме за ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ Кавадарци

По терт пат ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ од Кавадарци  го понесе „Зеленото знаме“  и обезбеди  свое место меѓу останатите 21инаку надобри Еко училишта   во Македонија! На објавениот Конкурс за наградување од  Програмата „ Интеграција на екологијата во Македонскиот образовен систем“  оваа година Училиштето Тоде Хаџи Тефов –Кавадарци  е наградено со највисокиот сататус „Зелено знаме“.

Конкурсот  е во организација на Здружението за едукација, консалтинг  и комуникација – ОХО, а одлуката за наградување ја донесе комисија за наградување составена од членови на ОХО, член  на Министерството за образование и член на Швајцарската агенција за  развој.Официјално наградите беа доделени од Министерот за образование и наука Спиро Ристовски на петтиот по ред Еко-Самит кој се одржа вчера на 5 Март-2014 год. во ООУ „Лазо Ангеловски’ во Скопје.  Со доделувањето на наградата „3елено знаме “ училиштето докажа  дека се грижи за животната средина, води еко-политика, ги спроведува еко-стандардите и успешно ја имплементира Програмата Еколошка едукација во Македонскиот образовен систем. Како Зелено-еко-училиште, училиштето доби и финансиска поддршка  од 1000 евра кои ќе ги потроши за  заштеда на електрична енергија и намалување на емисија на СО2 во воздухот.

„Сакаме доследно да ја оправдаме оваа награда и понатаму ќе продолжиме да работиме и реализираме еко-активности и Проекти за заштита на животната средина“.-ветуваат учениците, наставниците и целокупниот персонал во училиштето кои работат под раководство на  Еко-одборот чиј координатор е наставничката Соња Иловска , а претседател наставничката Мирослава Симоновиќ.Инаку на вчерашниот еко самит во редот на најдобрите еко училишта во Македонија застана и ООУ Гоце Делчев Кавадарци со исто освоено зелено знаме.Честитки и за двете училишта од кој секако ќе очекуваме позитивни еко резултати.

 М.М