Шамар за фудбалот во Кавадарци
09-09-2016 СПОРТ

Многу прашина во кавадаречката спортска јавност крена преименувањето на ФК Тиквеш во ФК Љубанци од Кавадарци. Ама ајде, Во јануари Тиквеш ке си го врати името и работите ке си дојдат на свое.

 

Деновиве уште една спортска шлаканица заработи кавадаречкиот фудбал. Имено со прифаќањето да се игра во втората лига сезонава нашиот клуб исто така прифати и низа од обврски поврзани со екипен но и инфраструктурен карактер. Екипирањето заврши без проблеми но инфраструктурното средување сеуште е во почетна фаза или воопшто не ни започнало.

 

Треба да се среди урнатиот ограден зид. Оваа постапка е започната и во фаза е тендерот за избор на најдобар понудувач кој би ја завршил оваа постапка и би го средил комплетниот зид на сите места каде е разурнат или постои можност од уривање.

Сепак втората инфраструктурна работа никако не тргна од нулата. Дали поради несериозност и неажурност на управата на клубот или заради некои други прилики навистина во моментов неможеме да кажеме точно и прецизно.

 

Токму затоа по многуте опомени кој ги доби од страна ФФМ ,Ф.К.Љубанци од Кавадарци заради  неисполнување на условот на едната трибина да има монтирано минимум 300 столчиња за седење  ,неофицијално дознаваме дека теренот во Кавадарци е суспендиран.

 

Тоа значи дека утрешниот натпревар од 4 коло во втората МФЛ помеѓу Љубанци од Кавадарци и Еуромилк од Горно Лисиче кој требаше да се одигра на градскиот стадион во Кавадарци заради суспензија на теренот ќе се одигра на теренот во Гевгелија. Ова е уште една срамна дамка врз Кавадарци и Кавадаречкиот фудбал.

 

Mики Виденовиќ



Share

Додади коментар