Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Очекувавме реакција од претседателот на СДСМ Кавадарци
14-12-2019 РЕГИОН
На прес денешното соопштение на ОО на СДСМ Кавадарци, реагираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ...
 
 
 
(интегрален текст) СДСМ Кавадарци преку ниски соопштенија повторно докажаа дека се главните налогодавачи  за овој политички линч и прогон, па затоа веќе не се ни кријат дека покрај полициските имаат желба  да постават судско обвинителски инсталации кои би вршеле егзекуции на сите оние кои мислат различно од нив.
 
 
ОК на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци очекуваше реакција од претседателот на СДСМ Кавадарци Горан Тодоров  конечно после три години да се одважи, да излезе во јавност и да се извини за сите штети коишто СДСМ ги нанесе на кавадарчани,меѓутоа тој очигледно и после три години одлучи да молчи и да се крие пуштајќи лажни  соопштенија со еден куп невистини.
 
 
Очигледно е зафатен  со броење на парите добиени од Фондот за иновации кои после 12 ти април ќе бидат предмет на ревизија, бидејќи 250 000 евра не се малку пари за броење. Срамота е претседател на поличка партија да нема кажано ниту еден збор три години во јавноста а да е толку активен во добивање на државна помош во приватната компанија во која е тој директор.
 
 
 
СДСМ во Кавадарци досега ја нема добиено поддршката од кавадарчани, па затоа во знак на немоќ три години се обидуваат да пуштат зла крв меѓу народот, три години откога се на власт од нив нема никаква конструктивност, туку само лаги манипулации и злоупотреба на институциите за политички прогон и реваншизам. Затоа на 12 ти април народот ќе ги прати во темната страна на историјата, а потоа ќе се случи обнова на Македонија со владеење на правото и враќање во функција на правната држава.

Додади коментар