Општинската организација на СДСМ Кавадарци денеска се огласи со писмена реакција во врска со вчерашната прес конференција на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадрци, Зоран Јованчев. Прашуваат како единсвено пријавата за него била отфрлена од обвинителството и бараат целиот случај да го преиспита Вишото Јавно Обвинителство, бидејќи за истото дело, кривичните пријави за други 12 лица кои краделе вода, не биле отфрлени...
(интегрален текст) Претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци изнесе еден куп на лаги и клевети за наводен политички прогон врз него, од наша страна и од страна на одредени државни органи.
Институциите за разлика од минатото сега работат професионално. Нема веќе МВРО-ВМРО. Времето на политички прогон во Република Северна Македонија е завршено.
За каков прогон зборува самиот Зоран Јованчев кога МВР според информација од билтен на дневни настани, јасно стои дека во овој случај се постапува по пријава на граѓани.
За каков политички прогон зборува Зоран Јованчев кога покрај него, за кражба на вода пријавени се уште дванаесет други лица, кои исто како и Јованчев нелегално ги наводнувале своите лозови насади.
Ние од О.О СДСМ Кавадарци имаме сознанија дека за сите останати дванаесет други лица е прифатена кривичната пријава од страна на јавно обвинителство, а одбиена е единствено пријавата на Зоран Јованчев.
Како единствено пријавата на претседателот на О.К ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци е одбиена, а останатите се прифатени од стана на јавното обвинителство, иако сите лица се теретат за истото кривично дело?
Ние како СДСМ имаме сериозни сомневања дека надлежниот јавен обвинител тенденциозно не ги зема во предвид сите докази кои го потврдуваат стореното кривично дело.
Покрај ова исто така симтоматично е зошто Ј.П Комуналец не пројавува интерес за оштетно побарување, иако претпријатието е оштетена страна во овој случај.
Дали раководните структури во Ј.П Комуналец Кавадарци блиски на ВМРО-ДПМНЕ му помогнале на Зоран Јованчев во отфрлањето на кривичната пријава?
Поради сите овие недвосмислености и нелогичности во решението на јавното обвинителство за отфрлањето на кривичната пријава, ги повикуваме надлежните институции, а посебно Вишото јавно обвинителство да го преиспитаат повторно целиот овој случај.
Ова е уште еден доказ дека ветингот во правосудните органи е повеќе од неопходен.
Република Северна Македонија мора да биде правна држава.
Додади коментар