Реакција на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: СДСМ во недостиг на идеи и проекти се фале со проекти на ВМРО-ДПМНЕ
09-06-2020 РЕГИОН
 
(интегрален текст) СДСМ во недостик на идеи и проекти се фале со проекти на ВМРО-ДПМНЕ.  Даниела Колева соочена со нискиот рејтинг, во паника и очај продолжува да манипулира со граѓаните на општина Кавадарци.
 
Безидејноста на СДСМ секојдневно резултира со лажни вести.
 
Градинката во Кавадарци е проект од локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Митко Јанчев.
 
За СДСМ не се приоритет, ниту капиталните инвестиции, ниту зголемените плати, ниту пак проблемите и потребите на граѓаните. 
Единствен приоритет се милионските тендери, поткупот, криминалот и рекетот.
 
Даниела Колева се трка со нејзиниот шеф Зоран Заев во тоа кој повеќе лаги ќе каже и кој подобро ќе изманипулира со народот.
 
Граѓаните ја чувствуваат неспособноста и неодговорноста на СДСМ и Зоран Заев и ќе ги казнат на следните парламентарни избори кога и да се случат.
 
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Зоран Заев имаме 3 години хибриден режим, криминал, корупција и рекет.
 
СДСМ и Зоран Заев никогаш повеќе.


Share

Додади коментар