Прободено момче во Кавадарци

 

Дваесет и пет годишниот Ј.М вчера бил прободен со остар предмет. Од полицијата информираат дека поради сериозноста на повредите, момчето било пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

 

Во полиција пријавиле од Итна медицинска помош Кавадарци дека на улицата „Тиквешко Востание“ било земено лицето Ј.М. со убодни рани од остар предмет.

 

Повредениот бил пренесен во Јавната здравствена установа Кавадарци каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиниките во Скопје.

 

Повредите му ги нанел неговиот сограѓанин, триесет и осум годишниот  Г.С.

 

Напаѓачот бил приведен во Полициската станица Кавадарци и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот – велат од полицијата.

Додади коментар