Повредени двајца работници во ИГМ
27-12-2017 РЕГИОН

 

Вчера околу 10.30 часот, две лица од Кавадарци Г.С.(42) и М.М.(40) вработени во„ ИГМ Трејд“ во Кавадарци при извршување редовни активности на отстранување на дефект во фабриката биле качени на изработена корпа подигната од вилушкар и при спуштањето, на висина од околу 1,5 метри, истата се заглавила, при што, двајцата паднале и едниот добил Тешки телесни повреди, а другиот само со повреди се пренесени во Општа болница во Кавадарци каде се задржани на лекување -  информираат од МВР.

 

                                                Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци и трудов инспектор.

Додади коментар