ЈП КОМУНАЛЕЦ Кавадарци информира дека на ден 14.07.2016год. (четврток) поради приклучок на нова линија ќе има времен прекин на водоснабдувањето на дел од град Кавадарци.
Без вода ќе останат Висока зона, с.Ваташа, селата Возарци, Шивец, Трстеник, индустриските капацитети ФЕНИ и Тиквеш, населба „Бел Камен“ и високиот дел на град Кавадарци(запад), сите улици над затворениот канал за технолошка вода(ул.Јован Планински, ул.Трибор, ул.Пане Џунов, дел од ул.Ѓоре Брушански,ул.Диме Туриманџов, ул.Сутјеска, дел од ул.Дешка Тошева, ул.9-та Бригада….) во период од 8:00 часот до 17:00часот.
©ктв.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.