ЈАНЧЕВ НА СРЕДБА СО ИЗРАЕЛСКА ДЕЛЕГАЦИЈА: Кавадарци ги отвара вратите за соработка во областа на иновациите и технолошкиот развој
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, денеска оствари официјална работна средба со висока делегација од Министерството за регионална соработка на Државата Израел, предводена од генералниот директор на министерството, г-дин Гилат Шадмон. Главен фокус на разговорот беа можностите за унапредување на институционалната и регионалната соработка, со посебен акцент врз пренесувањето израелски искуства во областа на иновациите, […]








