Левица: РКЕ крои тарифи со компаниите, а народот ќе биде известен кога ќе му пристигне сметка за струја

Регулаторната комисија за енергетика под раководство на Ацо Ристов започна медиумска кампања за наводно проширување на евтината тарифа, додека зад рекламата за “четири евтини часа“ се подготвува целосно прекројување на тарифниот систем. На маса се ревизија на блоковите, различни летни и зимски правила, евтина струја во сабота и префрлање на потрошувачката во периодот од 11 […]

СДСМ: Мицкоски удри по младите затоа што ја кажаа вистината, младите не се плашат- младите ќе победат! (видео)

Во Ново Село, се случи нешто што не смее да се премолчи. Млади активисти на СДСМ беа нападнати од тепачи на Мицкоски. Младите стоеја мирно. Носеа транспарент за вистина – дека Гостивар се труе со вода, дека луѓето се разболуваат, дека државата молчи и нема одговорност. И за тоа беа нападнати. Група насилници, испратени со […]

Левица:Мицкоски ја направи Македонија зависна од брзи кредити

За само 71 ден, ДПМНЕ отвори четири нови должнички фронтови во вкупна вредност од 333 милиони евра. На 26 мај, парламентарното мнозинство изгласа задолжување од 260 милиони евра кај странски банки; во јули Владата извлече седум милиони евра од М-НАВ за да ја крпи ликвидноста на ЈП за државни патишта; на 29 јули се одлучи […]

СДСМ: Катастрофата во Гостивар продолжува –во водата има бактерии, а резултатите дури на 20 август

Катастрофата во Гостивар продолжува. Илјадници граѓани се отруени, над 4.000 луѓе се соочија со последиците од загадената вода. Тотален колапс на здравствените институции, на Мицкоски и Клековски. Министерот за здравство Сашо Клековски вчера соопшти дека официјалната анализа на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури на 20 август. Во водата има опасни бактерии, […]

Попов: Одговорните економски политики даваат резултат, јавниот долг се намалува

Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и домаќински политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат конкретни резултати. Јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8% од БДП и бележи намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал годинава. Во апсолутен износ намалувањето е за 21 милион евра, додека долгот […]

Манасиевски : СДС и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост за граѓаните

СДС и Филипче се обидуваат да собираат политички поени на темата вода во Гостивар, а со години не кажаа ниту збор за случаите на небезбедна вода кои биле евидентирани додека токму тие ја водеа државата. Деновиве објавивме документи, кои јасно покажуваат дека надлежните институции во нивно време располагале со информации за небезбедна вода во повеќе […]

Дрвошанов: Владата ја унапредува енергетската независност преку зелена транзиција

Приоритет на Владата од преземање на власта беше да ја зачува енергетската сигурност и да ги постави темелите на енергетиката , со најголемите законски реформи во последната деценија и силен инвестициски циклус во обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.  Усвоивме нов Закон за енергетика, целосно усогласен со европските директиви и поздравен од Европската енергетска […]

Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

Гувернерот Трајко Славески излезе со статистика дека Македонија има подобра куповна моќ од седум земји во Европа. ВМРО додава дека имаме „најбрзо растечки минимални плати во ЕУ“-затоа што платите се меѓу најниските, а Мицкоски не дозволи зголемување на 600 евра. И сега ова треба да нè убеди дека добро живеат граѓаните? Значи ли ова дека народот можеме да си […]

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари. Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави – не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел […]

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар (видео)

Има нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар. Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија.  Страшно! Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето. Кожни инфекции и […]