Нови 46 позитивни на корона вирус се евидентираат во статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци за изминатото деноноќие во Тиквешијата.
„Во Кавадарци има 26 нови случаи, 15 во Неготино, 3 во Росоман и 2 во Демир Капија. Сите се на возраст од 11 до 79 години. Меѓу нив има и еден здравствен работник“ информираше епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
На ковид одделот во кавадаречката болница се сместени 51 пациент во стабилна општа состојба.
А.Д
