ФОТО: Прилеп повторно во Гинис!

Градот под Mарковите кули повторно ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.

pernica-500

Oвој пат, во македонскиот град беше изработена најголемата перница во светот. Компанијата  Comfy Angeл од Македонија подготвува проект  – изработка на најголемата перница во светот  што ќе овозможи место во Гинисовата книга на рекорди.

Најголемата перница на светот ќе биде со димензии 19 X 19 метри , со тежина над 4.000 килограми и на 23 Мај 2013 ќе биде поставена на плоштадот  во центарот на Прилеп.

pr-500

По тој повод градоначалникот Марјан Ристески присуствуваше на процесот на составување на перницата која започна во 13.00 часот,  а траеше во наредните 3 часа.

Со успешната реализација на овoј проект, компанијата Comfy Angel – интернационално технички и етички акредитирана за производство на перници, протектори, јоргани и останати  еко производи , ќе постави нов Гинисов рекорд во поглед на големината на изработена перница.