Во руралните средини во кои има помал број деца, за непречено одвивање на наставата се градат монтажни училишта со две училници.

За десет дена предвидено е да завршат градежните работи во основно централно училиште „Методија Митевски Брицо“ во с. Каратманово, општина Лозово, а до крајот на месец мај ќе биде завршен монтажниот објект за Подрачното училиште на основното централно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во с. Мошица, општина Македонска Каменица
Монтажните училишта во Лозово и Македонска Каменица се со површина од 109 метри квадратни.Училиштата се енергетски ефикасни, имаат санитарни јазли, ходник, просторија за котел за греење.
Тие чинат по околу 3 милиони денари по објект, а инвеститор е Министерството за образование и наука. До крајот на годината превидено е да бидат изведени уште 6 монтажни училишта во рурални средини во кои настава можат да следат 24 ученици.