Општина Кавадарци ги информира граѓаните дека се врши измена на возниот ред на бесплатниот градски автобус кој сообраќа на релација Ваташа- Кавадарци-Глишиќ-Марена.
Измената се однесува само на утринскиот термин на поаѓање од првата постојка во Ваташа. Со новиот режим на линијата почетното возење на наведената релација наместо во 7.30 часот како досега, ќе старува во 8.15 часот.
Измената во режимот на возење на бесплатниот градски звтобус стапува на сила од 3 јуни (понеделник) 2013 година
Општината информира дека второто возење од Марена кон Кавадарци ќе се обавува во истиот термин како досега.