(ФОТО) Се санира патот од Ресава до заливот на Тиквешко Езеро

(ФОТО) Се санира патот од Ресава до заливот на Тиквешко Езеро

Се врши санација на патот од с.Ресава до заливот на Тиквешко езеро со проширување и тампонирање – информираат од локалната самоуправа.

 

На оваа локација се наоѓаат околу 100 викендици кои сега ќе имаат побезбеден пристап. Овој проект е донација од општествено одговорната компанија Кожувчанка во вредност од 1 милион денари. На оваа локација во наредниот период Општина Кавадарци ќе постави и нова водоводна линија.