12 години од загинувањето на бранителот Волкановски

12 години од загинувањето на бранителот Волкановски

,, Твоето дело и храброст никогаш нема да бидат заборавени и засекогаш ќе останат во нашите спомени ,,  му порачаа неговите колеги и сограѓани на бранителот Косте Волкановски од Неготино кој трагично загина во воениот конфликт во 2001 година бранејќи го територијалниот интегритет на државата. По повод 12- годишнината од загинувањето, на спомен бистата во чест на Волкановски пред Полициската станица во Неготино денеска свежо цвеќе положија членови на неговото потесно семејство, градоначалникот и претставници на локалната самоуправа, членови на полицискиот синдикат и резервните воени старешини, претставници на АРМ и други заинтересирани граѓани.

Во рамките на одбележувањето на годишнината од загинувањето на Волкановски, изминативе денови беше организирана седмата редовна крводарителска акција, а се одржа и тертиот традиционалниот турнир во мал фудбал.

Коста Волкановски  на денот на несреќата, околу 19 часот, на хотелската тераса заедно со петмина полицајци очекувале хеликоптер кога одеднаш  слушнале силна експлозија.