Од полноќ поскапуваат нафтените деривати

Од полноќ поскапуваат нафтените деривати

За 1,5 денари по литар се зголемува малопродажната цена на бензините,а дизелот поскапува за два денари. Вака одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, а новите, повисоки цени на нафтените деривати ќе се применуваат од ноќеска на полноќ.

Согласно одлуката, литар еуросупер БС-95 од ноќеска ќе се продава по 83,5 денари, додека литар еуросупер БС-98 ќе чини 85 денари.

Новата цена на еуродизелот (Д-Е V) изнесува 73 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  ќе се продава по 62,00 денари за литар.