Продолжува трендот на намалување на цените на нафтените деривати. И новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика е поволна за возачите. Од полноќ цените на бензините и на дизелот се намалуваат за 1,5 денари.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1 денар и ќе изнесува 62,5 денари.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,5 денари и од полноќ ќе се точи по 60,5 денари за литар.
Дизелот поевтинува за 1,5 денари и од полноќ неговата цена ќе изнесува 51 денар за еден литар.
Цената за екста лесното масло за домаќинство која исто така е намалена за 1,5 денари ќе изнесува 40 денари за литар.