(ВИДЕО) Започна подготовката на буџетот за 2017 на општина Кавадарци

(ВИДЕО) Започна подготовката на буџетот за 2017 на општина Кавадарци

Дел од жителите на урбаната заедница „Љубаш“ синоќа беа на средба со градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов и службите на општина Кавадарци.

 

Со синоќешниот состанок започна серијата средби со граѓаните со цел да се утврдат нивните приоритети и да се вклопат во буџетот на општината за следната година.

 

Сребите со граѓани ќе продолжат и во наредните денови. Вечерва своите приоритети ќе ги кажат уште една група на жители од УЗ „Љубаш“, а потоа  и жителите на УЗ „Кула.

A.Д