СВР Велес апелира до возачите на трактори пред да се вклучат во сообраќај да ја проверат техничката исправност

СВР Велес апелира до возачите на трактори пред да се вклучат во сообраќај да ја проверат техничката исправност

Со оглед на отпочнатата  берба на грозје и  зголемените активности  по лозовите насади  и другите земјоделски култури, а со тоа и  зголеменото учество во сообраќај  на земјоделската механизација – трактори и приколки, евединтирани се сообраќајни незгоди во кои како учесници и причинители на незгодите се оваа категорија на возила.

 

 Отсекот за превенција  при СВР Велес упатува апел до сопствениците и возачите на трактори и друга земјоделска механизација, пред да ги вклучат возилата во јавен сообраќај, да ги доведат во технички исправна состојба, односно да се технички исправни во поглед на системот за кочење и сигнализацијата т.е. да се пропишано осветлени,  да бидат  регистрирани,  а возачите да поседуваат важечка возачка, се со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајните незгоди.

 

Од страна на Отсекот за превенција  при СВР Велес и понатаму ќе се продолжи со превенирање преку реализирање на сообраќајно – воспитните акции кон овие возачи, а додека од страна на Полициските станици и одделенија за безбедност на патниот сообраќај ќе се санкционираат возачите кои и понатаму нема да ги почитуваат предвидените законски прописи.