Дела од Владимир Темков на изложба во Скопје

Дела од Владимир Темков на изложба во Скопје

 

 

Tриесет дела создадени во последните неколку години од современиот македонски сликар Владимир Темков ќе бидат дел од изложбата која утре ќе биде отворена во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“. Отворањето на изложбата е во 19 часот.

 

Изложбата ќе ја отвори и за богатиот опус на Темков ќе говори писателот Блаже Миневски.

 

Со оваа изложба Матица македонска ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите бвредности на македонските уметници.