(ВИДЕО) Археолошките пронајдоци од “Мали дол“ на изложба во Неготино

 

54 предмети изработени од керамика, метал, стаклена паста се претставени на изложбата на археолошки пронајдоци од локалитетот “Мали дол“ кај селото Тремник – Неготино.

 

Се работи за урни, накит, чинии и чаши и слично, кои потекнуваат од праисторискиот и средновековниот период. Предметите се резултат на деветгодишното систематско истражување на локалитетот, под раководство на Александра Папазова, кустос-советник и доктор по археолошки науки од НУ Археолошки музеј на Македонија.