Успешна крводарителска акција во СОУ „Киро Спанџов Брко“

Успешна крводарителска акција во СОУ „Киро Спанџов Брко“

Во текот на вчерашниот ден  во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци и Институтит за трансфузиона медицина  Скопје во просториите на СОУ „Киро Спанџов Брко“ се спроведе доброволна крводарителска акција.

 

„На оваа акција доброволно даруваа 24 крводарители, односно собрани се 24 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на учениците и вработените од училиштето, бидејќи низ годините наназад во ова училиште се спроведуваат успешни крводарителски акции.
Голема благодарност на учениците и нивните професори кои несебично ја прифатија оваа акција и на локалните медиуми кои даваат максимална подршка за реализација на истата“ велат од ОО на Црвен Крст Кавадарци.