Полицијата им делеше едукативни флаери на граѓаните со препораки за заштита

Полицијата им делеше едукативни флаери на граѓаните со препораки за заштита

Кавадаречката полиција  денеска подели едукативни флаери за граѓаните на кои се испишани најновите препораки од Владата и кризниот штаб на Република Северна Македонија кои се однесуваат на спречување и ширење на Корона вирусот Ковид 19.

 

Со овие флаери уште еднаш се потсетуваат граѓаните на задолжителното носење на заштитна опрема, што спаѓа по заштитна опрема, каде и кога да се носи, држење растојание од два метри и др.задолженија и препораки кои мора да се почитуваат за да се спречи вирусот, за да се заштитиме себе си и нашите најблиски.

 

Флаерите беа поделени во централното градско подрачје и во парковите каде имаше голема раздвиженост од населението.