Асфалтирање на улицата „Јованче Велков“ во Кавадарци

Асфалтирање на улицата „Јованче Велков“ во Кавадарци
Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци изврши асфалтирање на ул. „Јованче Велков“ во должина од 400 метри – информираат од локалната самоуправа.
 
Улицатa е лоцирана на десната страна од „Кавадаречки дол“ до спојот со ул. „Праведничка“. Претходно на оваа делница се изврши проширување, порамнување, поставување на рабници и тампонирање.
 
 
Општина Кавадарци го реализира овој проект во склоп на Програмата за комунална изградба, финансиран со пари од општинскиот буџет.
Изградбата на улицата е на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.