Започнува манифестацијата „Месец на театарот“ (видео)

Започнува манифестацијата „Месец на театарот“ (видео)

Покрај редовните активност и настани, Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и годинава традиционално ќе ја организира манифестацијата “Месец на театарот“.


Манифестацијата започнува во сабота, на 24 октомври со претставата “Секс, лаги и главоболки“ на Театар Комедија.


Следната претстава е на 29 октомври – “Чичко кумплунг“ на Народен театар Куманово. Следуваат на 6 ноември претставата “Состанок“ на Градски театар живинице, Босна и Херцеговина и на 10 ноември “Девојките на Марко“ на Народен Театар Прилеп.

Манифестацијата “месец на театарот 2025“ ќе заврши со премиера на Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, претставата “Референти по збрки“ во адаптација и режија на Диме Коцевски.


Интересот за претставите е голем, веќе течат резервациите и продажбата. Сите претстави започнуваат во 20 часот.