Родната куќа на Димката Ангелов Габерот отстапена на Општина Кавадарци – ќе прерасне во Спомен куќа

Родната куќа на Димката Ангелов Габерот отстапена на Општина Кавадарци – ќе прерасне во Спомен куќа

Со исклучително важен и благороден гест на внуците на Димката Ангелов Габерот, неговата родна куќа во село Ваташа е предадена во надлежност на Општина Кавадарци, со што се прави значаен чекор кон исправање на долгогодишната историска неправда и зачувување на сеќавањето за неговиот лик и дело.

Објектот, кој се наоѓа во непосредна близина на Спомен куќата на Страшо Пинџур, во наредниот период ќе биде подложен на темелна реконструкција и соодветно уредување. Крајната цел на оваа иницијатива е родната куќа на Габерот да прерасне во музејска спомен куќа, која достоинствено ќе сведочи за неговиот живот, историски придонес и борба за слобода.

Со овој чекор, историското село Ваташа добива уште едно значајно културно-историско обележје. Комплексот ќе им овозможи на идните генерации и посетителите одблиску да се запознаат со минатото и со хероите кои го дадоа својот живот во НОБ, потврдувајќи ја заложбата дека историјата и делата на нашите великани заслужуваат вечна почит и незаборав.