За подмирување на основните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во октомври му биле потребни најмалку 70.358 денари, покажуваат новите пресметки од Синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Во споредба со претходниот месец, вредноста на кошницата е зголемена за 926 денари.
Најголема ставка во семејниот буџет и натаму остануваат храната и пијалаците, за кои се потребни 26.170 денари. Доколку семејството живее под кирија во стан од 60 квадратни метри, вкупните месечни трошоци се зголемуваат на 85.733 денари.