Привршува проектот за поврзување на Западен булевар со улица „Ресавска“

Привршува проектот за поврзување на Западен булевар со улица „Ресавска“

Проектот за пробивање на Западен булевар е во завршните фази. Денес се работи на  сообраќајната сигнализација – информираат од локалната самоуправа.

Комплетно се уредуваат коловозните ленти со хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на Западен булевар , на спојот со ул.„Ресавска“  со регионалниот пат и ул.„Јован Планински“.

Поставени се сообраќајни знаци и се обележани околу 400 метри квадратни.

Овој проект е веќе со години баран од жителите на овој дел од градот и ќе биде од големо значење за Општина Кавадарци. Проектот е со финансиска вредност од 16 440 158 денари.