Полициските службеници од ОВР Неготино во текот на вчерашниот ден (13 октомври) интервенирале во два одделни случаи, при што од слобода се лишени две лица.
Одземал паркирано возило во Неготино
Вчера околу 13:20 часот во Неготино, полицијата го лишила од слобода 30-годишниот С.Д. од Неготино. Тој се сомничи дека одзел паркирано патничко возило, сопственост на 54-годишен неготинец. Возилото е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен 29-годишник од Војшанци поради закани
Претходно истиот ден, во 09:30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода и С.Д. (29) од селото Војшанци. Апсењето следело по претходна пријава од неговиот сожител Д.С. (66), кој пријавил дека 29-годишникот му се заканувал, а подоцна го забележал и пред својот дом. По документирање на настанот, и за овој случај ќе следува соодветен поднесок.