Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера (12.10.2026) извршија службен разговор со три лица од Кавадарци – А.А. (35), С.М. (33) и Р.А. (39).
Според пријавеното во полицијата, тие на улицата „Браќа Џунови“ во Кавадарци со дрвени и метални предмети се обиделе да го нападнат 31-годишниот С.С. и членови на неговото семејство, упатувајќи му и закани.
Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави.