Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека последните економски показатели се охрабрувачки, посочувајќи дека инфлацијата во Македонија во јули изнесувала 2,3%, а во август 2,6%. Како што истакна тој на митингот во Брвеница, овие бројки се речиси за 50% пониски од европскиот просек, кој во истиот период изнесувал 2,9% во јули и 3,2% во август.
„Имаме два месеци коишто нè охрабруваат. Покажавме дека се лажни кампањи тврдењата од пред четири години дека инфлацијата мора да биде повисока поради надворешни фактори — покажавме дека таа може да биде и под европското ниво“, изјави Мицкоски.
Покрај ниската инфлација, премиерот ги истакна и позитивните резултати во стопанството, каде што во второто тримесечје е забележан економски раст од 4,3%, додека градежништвото бележи скок од 21,9%. За стапката на инфлација за септември, тој порача дека ќе се почекаат официјалните податоци од Државниот завод за статистика по завршувањето на месецот.