Приведен кавадарчанец кај кого била пронајдена марихуана

Приведен кавадарчанец кај кого била пронајдена марихуана

Триесет и тригодишен кавадарчанец заврши во полициска станица откако кај него била пронајдена дрога.

Инцидентот се случил синоќа (13 септември) околу 19:40 часот во Кавадарци, кога полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле преглед над Љ.А. (33), при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето веднаш било лишено од слобода, а за настанот е известен дежурен јавен обвинител. Од МВР информираат дека по комплетно документирање на случајот, против 33-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.