Кривична пријава за 27-годишен кавадарчанец – приложил фалсификувано свидетелство за да полага за возачка

Кривична пријава за 27-годишен кавадарчанец – приложил фалсификувано свидетелство за да полага за возачка

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 27-годишниот Ѓ.К. од Кавадарци, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на 04.06.2026 година, во нотарска канцеларија во Кавадарци приложил за заверка фалсификувано свидетелство за завршено основно образование од основно училиште во Скопје. Според информациите од полицијата, намерата на 27-годишникот била лажниот документ подоцна да го искористи и приложи во автошкола за да може да полага возачки испит.

Кривичната пријава е веќе процесирана до Основното јавно обвинителство Кавадарци за понатамошно постапување.