ОВР Кавадарци поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство Кавадарци против две лица, поврзани со предизвикување општа опасност и загрозување на животната средина на локалната депонија.
Првата кривична пријава е поднесена против 31-годишниот С.С. од Кавадарци поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Тој се товари дека на 20 август 2026 година, на депонијата во Кавадарци, запалил душек опкружен со сува трева и отпаден материјал, со што директно предизвикал опасност од ширење на огнот.
Втората пријава е поднесена против 58-годишниот В.С., исто така од Кавадарци, кој се товари за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик. Според информациите од полицијата, пријавениот, кој бил ангажиран како чувар на депонијата Мелци, на 25 август 2026 година самоволно го напуштил работното место. Поради овој пропуст во вршењето на надзорот, во истиот период на депонијата избувнал пожар од поголеми размери.