На сметката на Општина Кавадарци од страна на Владата на Република Македонија се префрлени 8.879.851 денар наменети за покривање на штетите од природната непогода – суша.
Како што информираат од општинската администрација, овие средства се наменети за директно обесштетување на погодените земјоделци од регионот.
Исплатата кон земјоделците ќе се реализира во најкраток можен рок, веднаш по завршувањето на комплетната обработка и административно комплетирање на потребната документација.