Во 2018 година, кога Зоран Јованчев и ВМРО-ОКГ Кавадарци беа опозиција, држеа прес-конференции за лошата состојба во лозарството.
Тогаш откупната цена беше 15 денари за вранецот и 13 денари за смедеревката. Владата обезбеди дополнителна субвенција од 2 денари за килограм, па лозарите добиваа 17 денари за вранец и 15 денари за смедеревка.
Денес?
Вранецот 20 денари, смедеревката 18,4 денари, со одредбата за 8% намалена цена.
А трошоците?
Нафтата стигна до 100 денари за литар. Препаратите се неколкукратно поскапи, а цената на работната сила исто така значително порасна.
Тогаш Зоран Јованчев зборуваше за лозарите.
Денес Зоран Јованчев е пратеник.
Но кога требаше да се укине спорната одредба за 8% намалена откупна цена, тој гласаше ПРОТИВ.
Тогаш прес-конференции за лозарите.
Денес гласање против нивните интереси.
Каде е сега Зоран Јованчев?
Каде е сега, кога состојбата во лозарството е значително полоша, кога трошоците за производство се драстично повисоки, кога откупната цена дополнително се намалува за 8%, а цените кои им се нудат на лозарите не го следат растот на трошоците?
Каде е сега, кога лозарите имаат потреба од конкретна поддршка, а не од политички оправдувања?
Каде е сега да застане зад лозарите и да се бори за нивните интереси?