Нов асфалт на дел од улица „Бел Камен“ во Кавадарци

Нов асфалт на дел од улица „Бел Камен“ во Кавадарци

Денес оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци работи на асфалтирање на дел од ул.„Бел Камен“ над комплексот станбени згради – информираат од локалната самоуправа.

 

Претходно според проектот на општината се изврши отстранување на стариот асфалт, на старите рабници, како и тампонирање.
Се работи на делницата од паркингот кај капелата во правец на ВВ „Тиквеш“ каде на површина од 1350 квадратни метри се постави нов слој асфалт со дебелина од 7 сантиметри.

Со реконструкцијата на овој дел од улицата жителите од зградите и од населбата „Бел Камен“ добија обновена и побезбедна улица.
Претходно на овој локалитет кај зградите, општината изврши оформување на паркинг со потпорен ѕид и поплочување, како и хортикултурно уредување на зелената површина. Реконструкцијата е на барање на жителите од оваа населба.