Девет смртни случаи во земјава од корона вирус, 98 нови случаи

Девет смртни случаи во земјава од корона вирус, 98 нови случаи

Девет лица ја загубиле битката со корона вирусот, покажуваат податоците од Министерството за здравство. Меѓу починатите се и три млади лица од Струмица и Скопје  на возраст од 23, 29 и 44 години. Останатите починати се на возраст од  52 години, двајца на возраст 60 години, еден на  62, на 70 и 71 година.

 

Во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 50
-Куманово 6
-Штип 4
-Прилеп 5
-Тетово 7
-Струга 3
-Велес 1
-Битола 4
-Охрид 2
-Гостивар 1
-Струмица 9
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Берово 1
-Делчево 2
-Кичево 1

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од:

-Скопје 46
-Штип 6
-Прилеп 8
-Тетово 9
-Велес 1
-Охрид 3
-Гевгелија 1
-Струмица 2
-Крива Паланка 2
-Кочани 2
-Македонски Брод 5
-Пехчево 4
-Берово 4
-Виница 2
-Делчево 6
-Свети Николе 1
-Кичево 2

 Во Кавадарци од почетокот на епидемијата се регистрирани вкучно 202 случаи, а активни се 30.

Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925, бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846.