СДСМ: Како што најавивме – во буџетот нема пари

СДСМ: Како што најавивме – во буџетот нема пари

Владата позајмила пари не само од М-НАВ, туку и од Лотарија и од МЕПСО за да го враќа кредитот кон кинеската банка.

Владата донесе одлука да земе краткорочен заем од 7 милиони евра од Македонска навигација.

Ова е уште еден јасен доказ дека во буџетот нема пари. 


Затоа Христијан Мицкоски со денови бараше алиби за предвремени избори. Но не можеше да се извлече од реконструкцијата на Владата, затоа што тоа би било директно признание дека работите се распаѓаат. Сега мора да чека „поволен момент“ за да ги распише. 


Резултати нема. Економијата е во колапс.


Во буџетот нема пари затоа што ги потрошија на криминални тендери:  161 тендер за една фирма, 52 тендери за друга фирма, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта…


СДСМ поднесе пријави до ДКСК. Обвинителството молчи.


Затоа што обвинителството работи на повик на Мицкоски – преку собраниска говорница, преку медиуми или директно по телефон. 


Зависи што треба да се види, а што не. Заканите кон опозицијата одат на телевизија.

Ослободувањето на Груевски и Латас, како и враќањето на имотот стекнат со криминал, како што е Белата палата се средува по телефон.


Ова веќе не е криза на ликвидност. Ова е систем во кој државните пари се трошат на тендери, а потоа се позајмува од јавни претпријатија за да се сервисираат кинески кредити.


Граѓаните го плаќаат сето тоа!


Прашања има многу a одговори – ниту еден.

  • соопштение СДСМ