Граѓаните на Росоман директно ќе одлучуваат за проект вреден 15.000 долари

Граѓаните на Росоман директно ќе одлучуваат за проект вреден 15.000 долари

Во Општина Росоман официјално започна првата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, каде што локалното население ќе има директно учество во носењето одлуки.

Преку овие форумски сесии, граѓаните ќе може сами да го изберат приоритетниот проект за развој на нивната општина. Проектот што ќе добие најголема поддршка ќе биде финансиран со 15.000 американски долари од донаторите, со соодветно кофинансирање од буџетот на Општина Росоман.

Иницијативата се реализира во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, со цел заедничко градење подобра иднина за сите жители на Росоман.