Се бараат решенија по уништувањето на 2.700 овци поради сипаници

Се бараат решенија по уништувањето на 2.700 овци поради сипаници

Поради брзото ширење на сипаниците кај малите преживари, што веќе доведе до евтаназија на околу 2.700 овци ширум земјава, претставниците на Сојузот „Модерен овчар“ денеска заседнуваат на маса со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

На работната средба закажана за 13:00 часот ќе се дефинираат следните чекори и дополнителните мерки за сузбивање на оваа опасна зараза. По завршувањето на состанокот, во 14:15 часот, претседателот на Сојузот, Насер Џемаили, ќе се обрати пред медиумите пред седиштето на АХВ.

Од раководството на Сојузот уверуваат дека институциите и теренските екипи се во целосна мобилизација.

„Состојбата ја следиме континуирано заедно со ветеринарните инспектори и друштва. На секој пријавен сомнителен случај од страна на сточарите, веднаш се реагира и се излегува на терен“, истакна Моме Младеновски, член на Управниот одбор на „Модерен овчар“.

Додека засилените контроли и мониторингот на фармите продолжуваат со зголемен интензитет, надлежните апелираат до сите одгледувачи веднаш да пријават доколку забележат какви било симптоми кај своето добиток, со цел да се спречат уште поголеми загуби во сточарството.